Истече јаловина во рудникот Саса – ММС
ММС

Објавено на: 09/14/20 9:14 AM

Истече јаловина во рудникот Саса

Изутрината пред шест часот истече јаловина во рудникот Саса кај Македонска Каменица. Веста е потврдена, додека повеќе информации рудникот најавува во соопштение до јавноста.

Рудникот има поново јаловиште, каде се собира остатокот од активноста на рударите и старо и култивизирано јаловиште кое се одржува, како што налага А- Интегрираната дизвола.

Пред повеќе од десетина години се случи еколошка катастрофа од рудникот Саса, кога се излеа јаловина, која преку притоката, заврши во реката Брегалница од каде со вода за пиење се’ уште се снабдуваат жителите на Штип.

Оваа хаваријата на јаловиштето на рудниците Саса се случи  на 30 август 2003 година при што се урнал дел од одводниот канал на Каменичка река која поминува под јаловиштето. Како резултат на тоа флотациската јаловина која се депонира во јаловиштето во голема количина директно се излеала во Каменичка Река

Масата од јаловината која седвижела по реката според очевидци била во висина од околу десетина метри. Оваа маса во долниот дел во населбата Долна Саса во Македонска Каменица поплавила 20 тина куќи.