На Фејсбук страницата „Опуштено“ осамна пост со кој се наведува јавноста дека темјанот штити од вируси, што во услови на пандемија со коронавирус може да се сфати дека темјанот штити и од Kовид-19. Ваквото тврдење е неточно и може да нанесе сериозни последици врз здравјето на луѓето, наведува „Вистиномер“.
Постот за многу кратко време има преку илјада прегледи, 160 споделувања и 120 коментари. Она што е особено загрижувачки е што коментарите под постот во огромен дел даваат поддршка на ваквата идеја.
Имено, објавената содржина со наслов „Каде што се пали темјан, таму вируси нема“ – Учителка од Нови Сад дошла до „хит идеја“ за почеток на часот, родителите во шок“, пренесува идеја на учителка од Србија, која им предложила на родителите на учениците секој ден пред почетокот на часовите во училницата да палат темјан и да ја кажуваат молитвата „Оче наш“, со цел да се заштитат од коронавирусот.
Ваквата идеја е спорна од неколку аспекти.
Прво, темјанот во никој случај не штити од вируси, а уште помалку од коронавирусот. Тоа го потврдува и доктор Татјана Блажевска, матичен лекар од ПЗУ „Доктор Билјана“ во скопската општина Ѓорче Петров.
Прочитајте повеќе овде.