Дел од раководството и членството на Интегра преминаа во ВМРО-ДПМНЕ, информираа денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот на Интегра Воислав Зафировски.
Мицкоски ова го нарече окрупнување на опозицијата и опозицискиот фронт против како што рече мафијата во владата.
Потпретседателот на Интегра рече дека лидерот Љупчо Ристовски партијата ја претворил во секта во која тој себеси се сметал за пророк, месија пратен од бога кој сака да ја спаси Македонија на волшебен начин и не дозволувал да се слушне туѓо мислење.
Тој кажа дека во ВМРО-ДПМНЕ освен дел од претседателството, поминуваат поголем дел од претседателите и членови на општинските комитети на интегра.