Најголемата опозициска паритија информира дека досегашни раководни структури од политичката партија Интегра преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму најавија и дека лидерот Христијан Мицкоски ќе се сретне со претставници на Интегра во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Од интегра пак преку соопштение испратено до медиумите ја негираат ваквата инфомрација.
– Никакви раководни структури не преминуваат во ДП*НЕ, тоа е болна желба во умовите на удбашки структури кај нив.По изборите е спроведена идеолошка диференцијација во тимовите, минатиот месец со едногласна одлука на Претседателството разрешен е Воислав Зафировски од сите раководни позиции во партијата поради преминат праг на морална грешка, а во меѓусебен договор двајца носители на листа си поднесоа оставка.Сите други им беше оставено време и демократска можност да одлучат дали ќе продолжат на патот на самостоен настап на ИНТЕГРА во периодот пред нас или ќе се повлечат од понатамошни активности во партијата.ИНТЕГРА беше под специјална војна на одметнати удбашки структури за време на изборите, а која не застана и потоа. Беа спроведени три операции ‘Понтиј Пилат’, ‘Понтонски мост’ и Ашовиот експеримент, а со цел да се стави под контрола лидерот Љупчо Ристовски и партијата да премине и продолжи приклонета, да одработува за ‘туѓи бели дворови’, велат од партијата.