Груби: Цел сум на лажни вести за да се внесе раздор меѓу коалицијата СДСМ – ДУИ – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/20 10:58 AM

Груби: Цел сум на лажни вести за да се внесе раздор меѓу коалицијата СДСМ – ДУИ

Од првиот ден од мојот избор во Собранието, но и претходно, цел сум на лажни вести и голема пропаганда со цел да се создаде раздор во коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, затоа што сум задолжен за таа политичка кохезија во Владата – вака денеска на прес-конференција одговори заменик-претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за пишувањата дека имало инцидент меѓу него и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.

Груби објасни дека Насер Зибери ќе биде ангажиран во министерството како дел од експертите кои ќе ја осмислуваат работата на овој нов ресор.

Како еден од првите приоритети во неговата работа, Груби најави систематизирање на 1.300 вработени на кои треба да им се најде место во државните институции и да им се признаат факултетите.

Запрашан кога ќе се знаат имињата на новите директори и заменик министрите, Груби рече дека ДУИ добила пет заменици министри и пет државни секретари и верува дека за два дена ќе бидат именувани и ќе се знаат.