Оф шор компанија од Панама е зад „Јелак градба“ што го купи земјиштето на ШИК – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 5:00 PM

Оф шор компанија од Панама е зад „Јелак градба“ што го купи земјиштето на ШИК

Овој податок го објавува во јавноста Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ, кој поставува повеќе прашања околу улогата на локалната и централната власт во добивањето на атрактивното земјиште во Тетово, случај што го заинтересира и Обвинителството.

-Сопственик на поранешниот гигант ”ШИК Јелак” е Миодраг Дака Давидовиќ, преку фирмата “Јелак Градба” . На просторот на “ШИК Јелак” крими коалицијата СДСМ/ДУИ донесе детален урбанистички план еден ден по изборот на Владата кој му носи потенцијален профит од 200 милиони евра на инвеститорот, пишува Николовски.
-Во “Јелак Градба” управител е лично Дака Давидовиќ, додека како сопственик се јавува фирмата “Адастра груп Корп” која е регистрирана во даночниот и оф шор рај Панама!
Преку јавно достапните податоци кои лесно може да се најдат со мало пребарување на интернет може да се види дека сопственик на оф шор компанијата “Адастра груп Корп” во Панама е Миодраг Дака Давидовиќ! За овие сознанија приложувам документи.Во јавноста е познато дека овие оф шор компании се користат за сомнителни трансакции, за внесување на капитал од сомнително потекло, како и за нагло изнесување капитал на непознати дестинации. Исто така е познато после големата афера “Панама Пејперс” дека оф шор дестинацијата во Панама била омилено место на бизнисмени со сомнителен капитал најчесто стекнуван на просторите на поранешниот источен блок.
Панама е омилено место на бизнисмени кои не мислат дека иднината на регионот на Балканот е во европската и евроатланската интеграција, а еден од нив е и Дака Давидовиќ на кого двоецот Заев и Ахмети му подарија вака вносен бизнис.Се отвара прашањето дали надлежните институции во Македонија го провериле изворот на средства кои влегуваат во фирмата на Дака Давидовиќ преку неговата оф шор фирма во Панама, кој е изворот на тие средства, како се стекнати?
Исто така легитимно прашање е како и за што ќе се користат средствата кои ќе се заработат од ДУПот во Тетово? Дали ќе бидат испумпувани кон Панама и каде потоа ќе завршат?
Поставувам прашање дали надлежните институции во Македонија го провериле работењето и може да гарантираат за работотата на фирмата “Јелак Градба” чии сопственик е “Адастра груп Корп” од Панама?, прашува Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ.