Нема штедач со седум милиони евра – демантира стечајниот управник на Еуростандард банка – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 3:43 PM

Нема штедач со седум милиони евра – демантира стечајниот управник на Еуростандард банка

По пишувањата на некои од медумите со навестување дека познат македонски спортист изгубил седум милиони евра со пропаѓањето на Еуростандард банката, во соопштение деманираше стечачајниот управник на банката,  Душко Тодевски.

-Еуростандард Банка со состојба 12 август 2020 година нема депонент физичко лице со депозит во износ од 7 милиони евра ниту депонент – физичко лице којшто има повеќе депозити во Банката во вкупен износ од 7 милиони евра и нема депонент правно лице со депозит во износ од 7 милиони евра. Оттука, во корист на точно информирање на депонентите, доверителите и севкупната јавност замолувам да не се пласира неточна информација дека депонент во Еуростандард Банка имал депозит – заштеда во износ којшто значително повеќекратно го надминува највисокиот депозит во Банката, стои во соопштението на Тодевски.

Дел од медиумите посочија дела милионерот е наш познат поранешен кошаркар, други на фудбалер со светска кариера. По ова, поранешниот фудбалер Дарко Панчев излезе со изјава во која ја реши дилемата во јавноста.

-Најмногу ми е жал за оние мали луѓе кои ја хранеа својата празна душа со вакви дезинформации за на крај да бидат разочарани заради оваа невистина. Јас седум милиони евра во банка немам и не знам на кого му паѓаат вакви идеи и која е целта за вакви шпекулации. Исто така сочувствувам со сите оние оштетени граѓани кои настрадаа, со надеж дека нашите институции ќе најдат начин да им помогнат на овие луѓе“, вели Панчев, ексклузивно за Спорт1.