Сомборец сопственик на последната „застава 101“ продадена од фабриката во Крагуевац – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 8:31 AM

Сомборец сопственик на последната „застава 101“ продадена од фабриката во Крагуевац

Жител на Сомбор може да се пофали дека бил сопственик на првата „застава 101“ во тој град во Војводина, кој стигнал во Сомбор пред речиси половина век, но и оти е сопственик на последниот таков автомобил, некогаш многу популарен во СФРЈ, продаден од фабриката во Крагуевац.

Последниот „стојадин“ сомборецот Славомир Дедиќ го купил пред десет години, откако на телевизија слушнал дека во фабриката „Црвена застава“, која веќе престанала со работа, останале уште две непродадени возиа. Последната „затава 101“ тогаш ја платил 4.000 евра, а и денес ја користи како службено возило.

Првата „застава 101“ што пристигнала во Сомбор Славомир ја купил во 1971 година. Досега тој имал осум автомобили „застава 101“, а последната уште одлично го служи, објави Радио-телевизија Војводина.