Пратениците во сојузната нигериска држава Кадуна го одобрија законот со кој се предвидува хируршка кастрација како казна за лицата осудени за силување деца под 14 години. Предлог-законот треба да биде потпишан од гувернерот на земјата за да стапи во сила. Тој претходно ја поддржуваше кастрацијата со цел да ги спречи силувачите да повторуваат такви дела, пренесува ББС.
Одлуката за одобрување на нацрт-законот уследи по револтот во јавноста поради бранот силувања, што доведе во делови на Нигерија да се прогласи вонредна состојба.
Според нигерискиот федерален закон, казните за силување деца се движат помеѓу 14 години и доживотен затвор, но пратениците во сојузните држави можат да донесат различни правила за изрекување казна.