Најмалку 50 загинати при несреќа во рудник за злато во Конго – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/20 6:25 AM

Најмалку 50 загинати при несреќа во рудник за злато во Конго

Најмалку 50 луѓе загинаа при уривање на рудник за злато во Конго, јавува „Скај њуз“. Информајата за несреќата во рудникот кај местото Камитуга на истокот на таа африканска земја ја објавила невладина организација.

Причината за несреќата е уште непозната, но познато е дека рудниците за злато во Конго функционираат во крајно несигурни услови. Конго е земја позната по богатите природни есурси, но несреќите во рудниците се многу чести поради ниските сигурносни стандарди.