Заев: Пензионирањето на 64 години ќе биде задолжително, можност со докуп на стаж до предвремено пензионирање – ММС
ММС

Објавено на: 09/11/20 8:45 AM

Заев: Пензионирањето на 64 години ќе биде задолжително, можност со докуп на стаж до предвремено пензионирање

Носиме одлука за задолжително пензионирање за сите вработени на 64 години, а дамите може да одберат да се пензионираат на 62 години, рече синоќа премиерот Зоран Заев во интервју на Националниот сервис.

Тој додаде дека се предвидува можност за вработување на дефицитарни кадри на возраст над 64 години, во случај ако на конкурс за некој стручен профил не се јави никој и тогаш се отвора можноста за вработување стручни луѓе со повеќе од 64 години.

„Втората важна компоненета во рамките на реформите на пензискиот систем е пред полнење на 64, односно 62 години да може да се докупи стажот“, истакна Заев, додавајќи дека се отвора можноста граѓаните за тие пет години да ги платат придонесите за пензиско осигурување и може да заминат во пензија.

Тој појасни дека сумата на придонесите за пензниско осигурување за тие пет години е 18,4 проценти од платата, односно до 2.500 евра.