Во благодарноста лежи клучот за вистинска среќа – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 10:27 PM

Во благодарноста лежи клучот за вистинска среќа

Живееме во време каде речиси се’ ни е достапно. На располагање имаме гардероба, дом што може да го уредиме како што сакаме, да посетуваме ресторани и така натаму. Но и покрај ова, ние постојано сакаме уште повеќе. Парадокс е фактот дека постојано сме опкружени со низа прилики, но понекогаш не чувствуваме благодарност и секој ден сакаме се повеќе.

Благодарноста сепак е нераскинлив темел на кој почива овој свет. Таа е моќна сила што може умереноста да ја претвори во обилност. Благодарноста е извор на среќа и садот. Да се обидеме да бидеме благодарни, бидејќи тоа може да го промени целиот наш живот. Кога ќе научиме да го почитуваме она што го имаме, отвораме простор за уште многу добри работи.

Како да почнете да гледате со повеќе почит кон она што го имате:

Прифатете ја моќта на сегашноста

Бидете сосредоточени на сегашноста, а не на минатото или на иднината – тоа е клучот на среќата. Прифатете го фактот дека само си го губите времето жалејќи за грешките од минатото или грижејќи се за работи кои се уште не се случиле. Никој од нас не е во состојба да го врати времето назад и не може да ја предвиди иднината. Сите живееме овде и сега. Бидете благодарни за овој момент, бидејќи тој нема никогаш да се повтори.

Благодарноста нека биде дел од вашата секојдневна рутина

Запишете ги на лист хартија работите за кои постојано сте благодарни. На овој начин ќе станете свесни за сите добри работи во вашето опкружување.

Смејте се почесто

Пронајдете причина за смеење, бидејќи така се подобрува животот. Почнете од малите работи и секој ден ќе откривате по нешто ново. Убавите работи се насекаде околу нас, само треба да гледаме повнимателно.

Пронајдете мир во душата

Посвете си себеси барем половина час дневно. Тоа е единствениот начин да согледате до каде сте стигнале и што сте постигнале. Единствено така ќе сфатите колку работи има во вашето опкружување, за кои треба да бидете благодарни.

Престанете да се споредувате со другите

Никгаш не заборавајте го ова: Никој друг не е како вас и вашата моќ. Секој човек е различен, сите имаме различни патишта. Размислувањето за туѓиот живот и љубомората не ни носат ништо добро. Наместо тоа, фокусирајте се на она што ви го пружил вашиот живот.

Прифатете се себе и бидете доволно храбри да останете верни на што што всушност сте

Бидете верни на она во што вистински верувате, на она поради кое срцето ви е полно и она што ви дава причина да одите напред. Имате многу причини да и’ се заблагодарите на судбината. Никогаш не дозволувајте некој да ве увери дека сте недостојни или беззначајни.

 

Извор:  stil.kurir.rs