Вакцината ќе биде услов за патување во странство? – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 7:59 PM

Вакцината ќе биде услов за патување во странство?

 

 

Тестовите за Ковид-19 може да гарантираат дека некое лице не е заразено ограничено време, поради што е можно новата вакцина за коронавирус да стане едно од барањата за меѓународно патување во следните неколку години, изјави денес Сергеј Глаголиев, руски помошник министер за здравство.

„За жал, досегашните тестови на верижната реакција на  полимераз и антителата гарантираат дека пациентот не е болен за прилично ограничено време“, рече Глагоолев, пренесува ТАСС.

„Се чини дека Ковид-19 ќе остане со нас со години, така што пооптимален пристап би бил воведување на меѓународни шеми за вакцинација или активни сертификати кои покажуваат дека лицето ја надминало болеста и потврдило антитела или има одредени податоци за клеточниот имунитет“, рече Глаголиев за време на брифинг на Интернет посветен на првата руска вакцина против новиот коронавирус „Спутник В“.

rtv.rs