Изминатиот викенд на 6ти Септември, во Аеро Клубот во Штип се случи првата Drive In кино проекција во источниот регион, организирана од страна на тимот на Wake Up Music festival.
Со прием на посетители од 19 до 20 часот гостите беа пречекани со DJ сет од DJ Invictoz и Krillin8. Во 21 часот започна проекција на филмот “Collide” со Николас Хоулт, Ентони Хопкинс и Фелисити Џонс во главни улоги.
Настанот беше во главна организација на Горан Арсовски, Љубан Стамениќ, Перица Горгиев и Иван Милосавов.
Со ова, привемено се задоволи 15 годишниот проблем предизвикан од недостатокот на професионална кино сала со редовен репертоар. Посетеноста од 120 коли (околу 300 души) покажа дека Штип има публика за кино проекции и глад за многу повеќе културни настани. #ШтипСакаКино
https://www.facebook.com/509284092510269/videos/312977319797694/