ВМРО-НП: Стара Комерцијална која вчера гореше, владата на Груевски ја купила за 24 милиони евра, пари од буџетот – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/20 9:52 AM

ВМРО-НП: Стара Комерцијална која вчера гореше, владата на Груевски ја купила за 24 милиони евра, пари од буџетот

Во врска со вчерашниот пожар во поранешната зграда на Комерцијална банка, а од пред некоја година Владин објект,  ја потсетува македонската јавност дека купопродажбата на старата зграда на Комерцијална банка од страна на Република Македонија беше направена на крајно нетранспарентен начин, без никаква правна процедура и најверојатно во четири очи помеѓу тогашниот премиер, господинот Никола Груевски и директорот на Комерцијална банка, господинот Хари Костов, реагира ВМРО Народна партија.

– Потсетуваме дека купопродажната цена тогаш изнесуваше 24 милиони евра плус неколку милиони за реновирање со што се постигна можеби и рекордно највисоката цена за метар квадратен деловен простор во македонската купопродажна историја. Тогаш можеби бевме единствената политичка партија која реагираше на тој сомнителен купопродажен договор, а сега само се потврдува фактот дека тогашната влада фрлила и уништила буџетски пари за да купи стар и дотраен објект по нерационална пазарна вредност кој за малку ќе завршеше и со несакани последици по животот на вработените – велат од ВМРО-НП.