Едно училиште во Босна и Херцеговина нема проблеми со маските, а ученицте, по долгиот распуст, ги дочека во целосно ново издание. Наставата сега се одвива во училница на отворено, а првите искуства се повеќе од позитивни.
Во училиштето во Каќун во централна БиХ, учениците одржуваат часови на свеж воздух. Клупите се поставени во полукруг, а во средината е местото за наставникот. Меѓу учениците има доволно растојание, па нема потреба од заштитни маски поради епидемијата на коронавирус.
Фотографите и снимките од оваа училиште на отворено во БиХ го привлекоа внианието и на светски медиуми и агенции, како, на пример, Ројтерс.