Мицкоски со три барања до власта, очекува на нив да се одговори во следните неколку дена – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/20 6:35 PM

Мицкоски со три барања до власта, очекува на нив да се одговори во следните неколку дена

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест против поскапувањето на струјата, упати три барања до Владата за кои како што рече, треба да се одговори во следните неколку дена.

-Првото барање е враќање на старата цена на струјата преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач. Второ наше барање е неделен викенд без ДДВ кој вие сами го ветивте пред изборите за месец септември. Трето е професионализација на Регулатроната комисија за енергетика а не вакви партиски војници, слуги и полтрони, побара Мицкоски.

Лидерот порача и дека протестите ќе продолжат „се додека мафијата на власт не биде детонизирана“ затоа што дошла на власт преку поткупени избори.