„Ерусалим пост“: Србија нема да ја пресели својата амбасада во Ерусалим ако Израел го признае Косово – ММС
ММС

Објавено на: 09/9/20 12:33 PM

„Ерусалим пост“: Србија нема да ја пресели својата амбасада во Ерусалим ако Израел го признае Косово

Србија нема да ја премести својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим, доколку Израел постигне договор за нормализирање на односите со Косово. Официјален претставник за кого се вели дека е близок со српскиот претседател Александар Вучиќ, во изјавата за „Ерусалим пост“ се осврна на изјавите дека Израел ќе го признае Косово.

„Ако Израел го признае Косово како независна држава, Србија нема да ја премести својата амбасада во Ерусалим. Исто така, овој чекор може да ги наруши и односите меѓу Израел и Србија и никогаш нема да биде како што беше“, изјавил неименувниот српски претставник.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Косово ќе ги нормализира своите односи со Израел и оти Србија ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим, по средбата на српскиот претседател и косовскиот премиер во Белата куќа во Вашингтон.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потоа изјави дека Косово, кое одлучи да ги нормализира односите со Израел, својата амбасада ќе ја отвори во Ерусалим.