Хашимото Сеико, член на јапонската Влада одговорен за Олимписките и Параолимписките игри во Токио, истакна дека одложените игри треба да се одржат летото 2021 година, без оглед на условите.
На прес-конференцијата, Хашимото се осврна на изјавата на Џон Коутс, потпретседател на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој рече: „Со или без Ковид-19 Олимписките игри треба да се одржат.“
Истакнувајќи дека треба да се земат предвид подготовките на спортистите низ светот за Олимписките игри, Хашимото рече: „Сите одговорни лица за Олимпијадата работат заеднички на подготовките.Спортистите вложуваат високи напори за следната година. Според мене, Олимпијадата треба да се организира по секоја цена. Сите наши напори треба да се насочат кон мерките против Ковид-19“.
Потпретседателот на МОК, Коутс, изјави дека тие ќе ја организираат Олимпијадата „со или без Ковид“, именувајќи ја оваа олимпијада како „Светлина на крајот од тунелот и игри што ја победија короната“.
Меѓународниот олимписки комитет донесе одлука да ги одложи Олимписките игри во Токио, што беа планирани да се одржат во периодот од 24 јули до 9 август, за 23 јули-8 август 2021 година поради здравствените проблеми што би можеле да настанат како последица на присутната пандемија на Ковид-19.