Од денес па до 14 септември ќе трае Саемот на книга на отворено во А1, Арена СЦ „Борис Трајковски“, поточно кај Аква Паркот под монтажни објекти. Саемот под мотото #БезбедниСаеми, па оттаму иако е на отворено задолжителни се маските, а на влез се мери темпрература, согласно Протоколите за спречување на ширење на коронавирусот, пропишани од Владата на Македонија.
Поради состојбата годинава нема иизложувачи од странство, па самот се одржува само со 40тина домашни издавачки куќи. Посетителите уште од утрово побрзаа да си ги најдат своите омилени книги. Се внимаваше на протоколите и сите беа со маски и на дистанца. Од тие причини и за прв пат Саемот на книга се одржува на отворен простор.
Како беше утрово откако се отворија вратите погледнете во галеријата:
Весна Миленковска
Фото: Вангел Тануровски