Поранешниот градоначалник на општината Центар Жупа, Мазлум Хасан го загуби животот како последица од компликации од ковид-19. Хасан почина на педесет и двегодишна возраст, а веста ја потврди и градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
Денес ја примивме тажната вест за смртта на поранешнит градоначалник на Ц. Жупа, Мазлум Хасан. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и Бог да им даде сабур. Го молиме Господ на Мазлум да го награди со Џенет ин ша Алах – напиша Дукана својот фејсбук профил.