Почина познатиот чешки режисер, оскаровецот Јиржи Менцел – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/20 9:12 AM

Почина познатиот чешки режисер, оскаровецот Јиржи Менцел

Познатиот чешки филмски и театарски режисер, оскаровецот Јиржи Менцел, почина на 82-годишна возраст. Тој во 1966 година се прослави со својот прв филм „Строго контролирани возови“, за кој доби Оскар во категоријата најдобар странски филм .Неговата популарна комедија „Моето мало село“ беше номинирана за Оскар во 1986 година.

Други негови познати филмови се „Криминалот во женското училиште“ (1965), „Каприциозно лето“ (1968) и „Му служев на кралот на Англија“ (2006).