„Веспрем“ убедлив против „Вардар“ во финалето на ракометната СЕХА-лига – ММС
ММС

Објавено на: 09/7/20 6:08 AM

„Веспрем“ убедлив против „Вардар“ во финалето на ракометната СЕХА-лига

Во синоќешното финале на Фајнал-фор турнирот во Задар (Хрватска), „Вардар“  загуби од унгарски „Веспрем“ со 27:35 (12:15). За унгарскиот клуб ова е трета титула во СЕХА-лигата, а „црвено-црните“ останаа на досегашните пет трофеи.

„Веспрем“ без поголеми проблеми го доби финалето со „Вардар“, кој во петокот, во полуфиналето, со пресврт и пенали, успеа да го совлада „Загреб“. Унгарците, кои, за разлика од „Вардар“, го задржаа и засилија квалитетниот тим, поведоа уште од стартот. Во првото полувреме стигнаа и до седум, а во второто и до девет гола разлика.

Кај „Вардар“ прв стрелец беше Глеб Калараш со шест голови, по два помалку запиша Ловро Јотиќ и Патрик Валчак. Јотиќ е единствениот „вардарец“ кој влезе во идеаллниот тим на финалниот турнир во Задар. Кај „Веспрем“, најефикасен беше Петар Ненадиќ со пет гола, македонскиот репрезентативец Дејан Манасков постигна четири…

.Претходно, во борбата за третото место„Мешков Брест“ од Белорусија триумфираше над ППД „Загреб“ со 29:24.