Следните денови ќе имаме свежи утра и умерена локална облачност – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/20 4:54 PM

Следните денови ќе имаме свежи утра и умерена локална облачност

Според максимлните измерените температури, денес во Македонија најтопло беше во Гевгелија, 34 степени, 24 степени измерени се во Маврово 24 степени.Во  Крива Паланка,Охрид и Берово измерени се 28 степени,  29 Претор, 30 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Прилеп, Виница, 31 Штип, Струмица, 32 Скопје-Зајчев Рид, 30 Демир Капија.

До крајот на денот ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре не очекува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

 Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 32 степени.

 Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со посвежи утра и со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.