Филипче: Од собирите во Охрид имаше многу помалку новозаболени ,за разлика од семејните забави – ММС
ММС

Објавено на: 09/6/20 10:05 AM

Филипче: Од собирите во Охрид имаше многу помалку новозаболени ,за разлика од семејните забави

Училишта со мал број на класови и ученици може да побараат дозвола да вршат настава со физичко присуство и за одделенијата над трето, но, ако, на пример училиште во Скопје аплицира за таква дозвола, ние нема да го дозволиме тоа, вели министерот за здравство, Венко Филипче, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во врска со ширењето на новиот коронавирус, Министерот во интервјуто вели и дека по големите собирања во Охрид немало толку драстично зголемување на новозаболени во споредба со „вториот бран“, кога во рамките на семејните настани во затворени простории се јавуваа нови случаи.