Французинот Ален Кок има намера на Фејзбук да ги пренесува моментите од неговата смрт бидејќи претседателот на Франција го одбил неговото барање за еутаназија, но од Фејзбук му порачале дека ќе ја спречат неговата намера.
Незадоволен поради одлуката на францускиот претседател, Кок одбива да јаде и пие, пренесува Дојче Веле.
Тој боледува од дегеративно заболување које 34 години му предизвикува големи здравствени проблеми.
Порачал дека сака да умре и да “почива во мир“ и навел дека последните моменти од животот сака да ги пренесува на Фејзбук.
Портпаролот на социјалната мрежа, изјавил за Франс-прес дека тоа нема да биде возможно.
„И покрај тоа што ја почитуваме неговата одлука да укаже на јавноста дека комплексноста на оваа прашање, нашите експерти ни сугерираа дека мораме да преземеме мерки со кои што ќе се оневозможи преносот во живо.нашите правила не дозволуваат пренос на самоубиство“,изјавил тој.
Во Франција еутаназијата е незаконска за разлика од Белгија, Луксембург и Холандија, каде што еутаназијата е законски дозволена.