Продолжете го траењето на бронзениот тен – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/20 1:17 PM

Продолжете го траењето на бронзениот тен

Постојат неколку начини, како да го продолжите траењето на бронзениот тен и да изгледате прекрасно и беспрекорно долго откако ќе се вратите од летен одмор.

Подготовката на кожата пред сончање е многу битна ако саката вашиот тен да трае подолго. Подгответе ја кожата за сончање со пилинг за да ги отстраните мртвите клетки од кожата.

Најважно од сè да и дадете влажност на вашата кожа. Хидрираната кожа го задржува бронзениот тен на кожата. Колку повеќе е хидрирана вашата кожа, толку подолго ќе трае вашиот бронзен тен. Исто така, после секое туширање, не заборавајте да нанесете хидратантен лосион.

Туширајте се исклучиво со млака вода. Премногу топла вода за туширање ја суши кожата, а на тој начин исчезнува бронзениот тен.

Одберете природно бадемово масло за нега на кожата. Најдобар ефект ќе има ако го нанесете на влажна кожа веднаш по туширањето. Не се облекувајте додека кожата не го впие маслото.

Избегнувајте прекумерно користење на средства за миење на кожата бидејќи тие ја сушат кожата. Одберете средство за миење на кожата чија pH вредност е близу до природната pH вредност на кожата.

Избегнувајте да ја триете кожата со пешкир. По туширањето само благо тапкајте по кожата со цел пешкирот нежно да ја впие водата.

Во исхраната вметнете производи богати со бета каротен, како што се дињата и морковите. По потреба може да земате дополнителни количини од витамин Б во капсули, кои не само што ќе ја задржат бојата на вашиот тен туку и ќе придонесат кожата да ви биде посјајна.

Во вашиот организам внесувајте што е можно повеќе вода за да ја одржувате кожата здрава.

 

 

ubavinazasite.mk