Источен Медитеран: Чавушоглу – „Макрон стана хистеричен“, Курц -„Ако му попуштиме на Ердоган, лека ноќ, Европо“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/5/20 7:22 AM

Источен Медитеран: Чавушоглу – „Макрон стана хистеричен“, Курц -„Ако му попуштиме на Ердоган, лека ноќ, Европо“

Состојбата во источниот Медитеран и кризата со воени закани меѓу Грција и Турција ги зголемија тензиите и попироко. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон станал хистеричен поради настаните во либиските и сириските конфликти и поради спорот за поморските граници на истокот на Медитеранот.

„Во Либија, тие (Франција) го поддржаа пучистот Хафтар и направија голема грешка“, рече Чавушоглу.

Според него, работите се сменија, рамнотежите се променија, Хафтар е поразен, а Макрон стана хистеричен.

“Тој не знаеше што да прави со таа хистерија. Веднаш потоа, рече дека нашите бродови ги малтретирале нивните бродови на истокот на Средоземното Море, но не можел да го документира тоа и бил понижен”, додаде Чавушоглу.

Вчера на слична тема се огласи и Себастијан Курц.

На Грција мора да и’ се даде поддршка во обезбедувањето на границите, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц, предупредувајќи на пртисоците и заканите од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Ако му попуштиме на Ердоган, тогаш лека ноќ, Европо“, рече Курц.

Говорејќи за судирот во источниот Медитеран и на грчко-турската граница, тој претходно изјави дека Европа не и требало да му дозволи на Ердоган да ја уценува, а турскиот претседател го обвини дека „масата во бегство ја користи како оружје“.