„Србија и Косово се обврзаа на нормализирање на економските односи“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по потпишувањето на договорот меѓу Србија и Косово. Договорот за нормализирање на економските односи го потпишаа српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти.
„Двете земји, насочени кон создавање работни места и економски раст, успеаја да направат голем чекор напред“, рече американскиот претседател.
Хоти рече дека е постигнат договор со Србија, чекор напред што „треба да доведе до меѓусебно признавање на двете земји“.
Exclusive: The White House agreement pic.twitter.com/7skVGNGobC
— Adriatik Kelmendi (@adriatikk) September 4, 2020
Според Асошиејтед Прес, Србија најави дека ќе ја премести својата амбасада во Израел, од Тел Авив во Ерусалим, а Израел ќе го признае Косово.
Ова е дел од договорот со Соединетите држави, односно Трамп, кој посредуваше при потпишувањето на договорот за нормализирање на економските односи меѓу Србија и Косово.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во петокот вечерта објави дека со преместување на нејзината амбасада во Ерусалим, Србија ќе стане „првата европска земја“ што го следи примерот на Соединетите држави.
На Твитер излегоа фотографии од договорот потпишан од српски и косовски официјални лица со американскиот претседател.
Извор и фото: radiosarajevo.ba