Од испитувањето на руската вакцина: Сите развиле антитела, несакани ефекти има, но благи – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/20 6:47 PM

Од испитувањето на руската вакцина: Сите развиле антитела, несакани ефекти има, но благи

Руската вакцина против ковид-19, Спутник-V, предизвикала создавање на антитела кај сите учесници на раните фази на клиничкото испитување, покажале резултатите од испитувањето, објавени денеска во медицинското списание The Lancet,  пренесува Јутарњи лист.

Резултатите на двете испитувања, спроведени во јуни и во јули годинава на вкупно 76 учесници, покажале дека 100 отсто од учесниците развиле антитела на новиот коронавирус и дека немале сериозни нуспојави, се вели во списнието.

Русија ја регистрираше вакцината во две фази за домашна употреба во август, прва во светот и тоа пред да бидат објавени било какви податоци за неа и тред почетокот на масовното испитување.

-Две испитувања во траење од 42 дена, кои опфатиле 38 здрави возрасни испитаници, не покажале никакви сериозни штетни последици меѓу учесниците, и потврдиле дека кандидатите за вакцина предизвикале создавање на антитела, наведува The Lancet.