Над 200 моторџии од повеќе клубови во Македонија денес ги окупираа патиштата во Источна Македонија, каде реализираа дел од рутата во рамки на 29-тото Мото рели. На една од своите попатни станици во Делчево, организаторите информираа дека релито се организира по повод Денот на независноста на Македонија – 8 Септември.
-Јас возам Јамаха веќе 15 години, редовно учествувам на Мото релито. Напата посета на Делчево се должи на самата Рутата на годинешното 29-тото која годинава минува низ Делчево, Берово, Струмица, Дојран. Секоај година има се повеќе и повее учесници. Годинава имаме околу 200 учесници, истакна еден од учесниците.
Тој додаде дека мото-спортот е во подем во Источна Македонија каде успешно функционираат 6 клубови.
Меѓу учесниците имаше моторџии од речиси сите градови во Македонија.
-Јас сум до Куманово,редовно учествувам на настанот. Од Делчево се упатуваме кон Дојран. Можам да кажам дека дружбата е одлична, времето е добро, така што ме радува тоа што и годинава се собравме во толку голем број, додаде кумановскиот моторџија.
Организаторите додадоа дека со вкупно 15 клубови во рамки на годинешното Мото рели Македонија најмногу учесници има од Скопје Настанот кој е во организација на Мото федерацијата на Македонија е предвидено да заврши на 6 септември 2020 година