Вечер во Задар ракометарите на „Вардар“ стартуваат на Ф-4 турнирот на СЕХА-лигата – ММС
ММС

Објавено на: 09/4/20 10:04 AM

Вечер во Задар ракометарите на „Вардар“ стартуваат на Ф-4 турнирот на СЕХА-лигата

Ракометарите на „Вардар“, актуелиот македонски, регионален и се’ уште европски првак, вечер во арената „Крешимир Ќосиќ“ во Задар, Хрватска, стартуваат со одбраната на титулата во СЕХА-лигата на завршниот Ф-4 турнир на ова натпреварување. „Вардар“ е единствен учесник на сите девет, вклучувајќи го и овој, Ф-4 турнири, а титулата ја освои петпати. Многуте измени во тимот и лошата форма на последните натпревари не даваат многу надеж за одбрана на титулата, но…

Скопјани вечер од 20.30 ќе играат со хрватскиот шампион „Загреб“, а во првото полуфинале од 18 часот ќе се сретнат „Веспрем“ и „Мешков Брест“. В недела од 18 е натпреварот за трето, а од 20.30 и финалниот меч на завршниот турнир на СЕХА-лигата.

Најверојатно во задарската арена, која собира речиси 7.000 гледачи, ќе биде дозволено ограничено присуство на публика. Се споменува бројка од околу 1.000 гледачи по натпревар.