Казна или мртовечки ковчег – Казна за несовесни граѓани кои не носат маска во Џакарта – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/20 9:57 PM

Казна или мртовечки ковчег – Казна за несовесни граѓани кои не носат маска во Џакарта

Луѓето кои одбиваат да носат маска за да спречат ширење на коронавирусот во главниот град на Индонезија, Џакарта, можат да изберат дали ќе ја платат казната или ќе лежат во ковчег една минута.

Властите воведоа необична мерка за да можат оние што не носат маска да размислуваат за опасните последици од нивното однесување, откако последниве денови дневниот број на новоинфицирани лица надмина илјада, велат официјални лица, пренесува Ројтерс.

„Размислете што ќе се случи ако добиете Ковид-19“, му порачува офицерот  во видеопорака на престапник  кој лежи во отворен ковчег.

Абдул Сукур, еден од оние кои се фатени дека не носи маска, одговара дека избира  сандук затоа што нема 17 долари да плати, колку што изнесува казната.

Индонезија забележа повеќе од 180.000 заразени и повеќе од 7.600 смртни случаи од Ковид-19.

Извор: blic.rs