На Правниот факултет во Штип меѓународната конференција „Општествени промени во глобалниот свет”, онлајн – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/20 4:47 PM

На Правниот факултет во Штип меѓународната конференција „Општествени промени во глобалниот свет”, онлајн

Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип по седми пат ја организира меѓународната научна конференција „Општествени промени во глобалниот свет” која годинава, поради пандемијата со Ковид 19, се одвива онлајн, со учество на претставници на правни факултети од повеќе држави во светот.

Универзитетскиот професор Милица Шутова истакна дека на конференцијата учествуваат претстаници од 13 држави од светот, кои преку платформата Microsft tems  ќе ги презентираат своите трудови.

– Оваа година конференцијата е збогатена со учество на експерти од Обединетите арапски емирати, Руската федерација, Србија, Хрватска, Словенија, Италија, Франција… Имаме 6 панели,- Општество и медиуми, комуникација и политика; Кривично право; Политика; Мултидисциплинарна сесија; Млади истражувачи; и Законодавство. Конференцијата ќе се одвива на три јазици – македонски, руски и англиски, а една сесија ќе се одвива само на руски, вели Шутова.

Според деканката на Правниот факултет, проф. д-р Олга Кошевалиска, седмото издание на конференцијата одговара на предизвиците од пандемијата на Ковид 19.

– Како универзитет, ние се соочивме со големи предизвици во реализацијата, не само во наставата, туку и во истражувањето, организирањето на конференции и настани. Затоа, конференцијата ја организираме онлајн, онака како што и успешно ја организиравме наставата. Што се однесува до наставата, првично ни беше интересно да развиеме алатки и да се најдеме во тој виртуелен свет, меѓутоа наидовме и на проблеми – во однос на изнаоѓање адекватни начини за оценување на студентите, одбрана на дипломски, магистерски. Од она што можевме да го видиме од колегите со кои соработуваме од странство видовме дека сме тука некаде во поглед на проблемите со кои се соочуваме. Замислата на пленарната сесија е да споделиме добри практики и алатки на кои можеме како универзитетски професори да преземеме искуства едни од други, за да можеме да им излеземе во пресрет и на студентите и на колегите, посочи Кошевалиска.

 

На конференцијата ќе бидат презентирани над 60 трудови, кои потоа ќе бидат објавени во зборник.