Америчката компанија за малопродажба Амазон објави дека оваа година планира да отвори дополнителни 7.000 работни места во седиштето во Велика Британија, со што ќе се зголеми бројот на постојано вработените во таа земја на повеќе од 40.000.
Амазон наведува дека оваа година во Британија веќе се отворени 3.000 работни места, а во потрага се за 20.000 сезонски работници кои ќе ги вработат за време на сезоната за божиќните пазарења.
Новите вработени на постојано работно време ќе помогнат Амазон да ги подмири различните побарувања на потрошувачите и да им овозможи на малите и средните претприемачи кои продаваат на Амазон да го прошират своето работење.
Работниците ќе бидат распоредени на околу 50 локации, влучувајќи две нови складишта на североистокот и средиштето на Англија.