Бараше да се соблечам и ме допираше по градите- Скандал ја тресе Хрватска, психијатар ги злоставувал пациентките – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/20 1:26 PM

Бараше да се соблечам и ме допираше по градите- Скандал ја тресе Хрватска, психијатар ги злоставувал пациентките

Емисијата на хрватската Нова ТВ „Проверено“ носи шокантно признание за поранешните пациенти на истакнат психијатар од Вараждин, кој и покрај извештаите на комората, сепак има работна дозвола.  Пациентките, од кои едната во тоа време била малолетена, опишале дека вараждинскиот психијатар барал да се соблечат, ги доприрал или барал тие него  да го допраат.

Тој се повикувал на Фројд и ја објаснувал важноста на сексуалниот однос за заздравување. Дошле кај него за помош, а тој сексуално ги напаѓал.

Една од неговите поранешни пациентки рече дека таа доаѓала на контрола на секои два месеци, а по една година психијатарот започнал да и кажува секакви работи.

– Се сеќавам на едно добро затоа што рече „Сигурно се сексаш на секој агол“. За да тоа ескалира неколку посети подоцна, кога ме праша дали може да види колку сум влажна – изјавила пациентката.

Небојша Буѓановац, психотерапевт и социјален педагог кај  кого девојчето подоцна побарало помош, рече дека отишла на психијатар поради силна вознемиреност.

– Објаснил дека таа имала  зголемена лактацијата од градите и  почнал да ги допира нејзините гради секогаш кога таа ќе дошла и тоа траело околу пет-шест месеци, а на крајот тој предложил директен сексуален однос, и ја допирал до половиот орган – рече Буѓановац.

Тој исто така тврди дека психијатарот лукаво манипулирал со девојки кои биле исклучително ранливи, екстремно чувствителни и тоа го правел тоа со цел да задоволи некои од неговите сексуални потреби и дека психијатарот е сексуален предатор.

Ова не е изолиран случај. Петра Милковиќ, тогаш студентка по пијано на Загребската академија, која дојшла на лекување поради депресија, исто така ја раскажала својата приказна за „Проверено“.

-Тој ќе се соблечеше, ќе ме замолеше да се соблечам и потоа ќе започнат некои методи на допирање, учење да се вдишува, издишува, поврзува … Тој цело време го користеше Фројд и дека сексуалниот однос е многу важен за терапевтски цели – рече таа.

Таа тврди дека со текот на времето се зближила со психијатарот, а тој и поставил ултиматум, па таа дури и ја раскинала врската поради него, пишува Дневник.хр.