Речиси цел град освен, пониските делови од синоќа се без вода. Причината е дефект на енергетски кабел во локалитетот Штипско езеро, информираат од Ј.П Исар.
Од тука велат дека се работи на санирање на дефектот и дека тој треба да се случи во текот на денешниот ден.
Повисоките делови од градот вода немаат од синоќа, пониските ја имаат но притисокот е слаб.
По одстранување на дефектот постепено ќе се нормализира и водоснабдувањето.