Исчезнаа 42 морнарa, кај Јапонија се преврте брод што транспортирал 6.000 грла добиток – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/20 9:10 AM

Исчезнаа 42 морнарa, кај Јапонија се преврте брод што транспортирал 6.000 грла добиток

Еден морнар е спасен откако товарен брод со 43 членови на посадата и 6.000 грла добиток се преврте кај јапонскиот брег, јавува „Скај“, а пренесуваат повеќе светски медиуми.

Товарниот брод „Гулф Ливесток 1“ испратил повик за помош недалеку од островот Ошима откако тој реон бил погоден од тајфунот Мајсак со ветрови со брзина од 126 километри на час. Од ударите на брановите, на бродот му откажал моторот, а тоа предизикало неговото превртување, раскажал спасениот член на екипажот.

Бродот испловил од Нов Зеланд на 14 август со 43 членови на посадата и со 6.000 грла добиток. Пловел кон пристаништето Јингтан во Кина, а патот требало да трае 17 дена.

Од 43-члениот екипаж на бродот, 39 биле Филипинци, а останатите Австралијци и Новозеланѓани.