Полната месечина каква што вечерва ќе се отсликува на небото, може да биде причина за промената на однесувањето на луѓето, покажува дури и науката.
Студиите покажуваат дека полната месечина може да го разбуди „ зверот во човекот“, претворајќи го во агресивно животно, пишува Daily Mail. Резултатите од студиите покажуваат загрижувачки симптоми за време на појавата на полна месечина. Во една болница во Сиднеј за една вечер се примени 90 пациенти, со акутна промена во однесувањето, дури и агресивно и насилно однесување е забележано.
Интересно е дека теоријата дека полната месечина влијае на здравствената состојба кај луѓето ја поддржуаат дури 80 отсто од медицинските сестри и 64 отсто од докторите според истражувањето објавено во 1987 година во ” Journal of Emergency Medicine”.
За ова да го проверат, тим на стручњаци во 2012 одлучиле да ја истражат врската помеѓу менталните промени и фазата на месечината.
Испитувањата се вршени на 711 пациенти кои во периодот од март 2005 до април 2008 посетиле итна помош во Монтреал. Пациентите се жалеле на болка во градите, за која докторите не успевале да пронајдат медицински причини. Многу наведувале панични напади, напади на анкциозност, промена во расположението па дури и самоубиствени мисли.
извор : espreso.rs