Се реконструира кровот на штипското електо –машинско училиште ,,Коле Нехтенин“ – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/20 2:07 PM

Се реконструира кровот на штипското електо –машинско училиште ,,Коле Нехтенин“

Се менува кровната конструкција на  СОУ ,,Коле Нехтенин“ во Штип. Станува збор за околу  4000 метри квадратни, за што Министерството за образование и наука обезбеди 17 милиони денари.

,,Она што можам да го најавам како следна крупна инвестиција за ова училиште ќе биде целосно реновирање на спортската сала, почнувајќи од кровот, подот, прозорци. Со средства кои ќе бидат обезбедени дел од Министерството за образование и наука, дел од Општина Штип, а еден дел и од сопствени приходи на училиштето“, истакна заменик на градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов  кој денеска изврши увид во градежните работи.

Инвестиција ќе има бенефит за училиштето, наставниот кадар и учениците од повеќе аспекти, вели  директорот на СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, Дејан Павлов.

,,Старата кровна конструкција беше од оние табли коишто ги кажуваат како канцерогени, а со нивната промена безбедноста на учениците е на големо ниво, од друг аспект бидејќи се става и изолација на самата кровна конструкција верувам дека ќе заштедиме и на греењето, односно моментално парното ни е на течно горито и мислам дека и овде ќе има заштеди“, додава Павлов.

Средства за реконструкција на кровот доби и основното училиште ,,Тошо Арсов“.

,,Министерството за обраозвание и наука се инвестираат речиси 900.000 евра во промена на кровните конструкции на двете училишта и фасадата на деветолетката „Тошо Арсов“, информираше раководителката на Секторот за образование и ЛЕР во Општина Штип, Билјана Казнџиска.

Таа додаде дека инвестиции имало во речиси сите штипски училишта.