Турција го критикува укинувањето на американското ембарго за оружје на Кипар – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/20 10:17 AM

Турција го критикува укинувањето на американското ембарго за оружје на Кипар

Американската одлука делумно да го укине ембаргото за оружје на кипарските Грци, која ги загрозува надежите за мир во источниот Медитеран, е некомпактибилна со духот на сојузништвото, јавува агенцијата Анадолија (АА).

Одлуката ги игнорира рамноправноста и рамнотежата меѓу двата народа на островот, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

„Ова дефинитивно ќе ги наруши напорите за решавање на кипарското прашање“, се додава.

Министерството нагласи дека во време на постојани напори за намалување на тензиите во Источниот Медитеран, таквата одлука донесена од САД е некомпатибилна со духот на сојузот.

„Очекуваме САД да ја преиспитаат својата одлука и да ги поддржат постојните напори за воспоставување мир и стабилност во регионот“, се вели во соопштението.