Вратените книги во кавадаречката библиотека прво одат во карантин, па дури потоа кај друг читател. За ова денеска информираа од градската библиотека „Феткин”.
– За да бидеме сигурни дека секој член е заштитен, сите вратени книги се ставаат во карантин. Овде остануваат три дена пред да бидат повторно издадени. Ова се книгите од вчерашниот карантин, соопштија од библиотеката.
Во последните два месеца библиотеката ја посетиле 3120 членови, позајмени се 3800 библиотечни единици.
-Ви благодариме што ги почитувате мерките за носење маска, дезинфекција на раце и држење растојание. Овде сме за вас, книгите што се позајмуваат се безбедни за издавање, благодариме на довербата. Безбедноста пред сè, информираа од библиотеката.