Необична забрана во Шкотска: Во Глазгов нема одење на гости по домовите поради Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/20 9:07 AM

Необична забрана во Шкотска: Во Глазгов нема одење на гости по домовите поради Ковид-19

Шкотските власти од денеска забранија собири во домови во Глазгов и во два блиски округа, поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во изминатите денови. Од синоќа на полноќ, 800.000 жители на Глазгов, Западен Данбартоншир и Источен Ренфрушир не смеат да примаат луѓе кои не се дел од нивното домаќинство во нивните домови, ниту им е дозволено да се посетуваат едни со други.

„Знам колку е непопуларна оваа мерка за луѓето во тие области. Го знам тоа затоа што живеам и во Глазгов. Значи, правилата важат и за мене како и за секој друг”, рече премиерката Старџен на прес-конференција, пренесува „Гардијан“.

Мерката ќе важи две недели. Училиштата, пабовите и рестораните остануваат отворени.