Црно грозје, црвен кромид, тиква… Која храна е антиоксидант што ве штити од лоши болести – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/20 8:05 AM

Црно грозје, црвен кромид, тиква… Која храна е антиоксидант што ве штити од лоши болести

И покрај сите чудесни лекови кои човекот ги има направено, сепак мајката природа е најстариот  и  најголемиот фармацевт на светот, извор на помали  и  поголеми чуда кога е во прашање здравјето.

Едно од поголемите откритија  во последните неколку години, судејќи   по  огромниот  и  по се поголемиот број  на податоци,   е сознанието  дека лек  против сите опасности по здравјето е   помош  со   храната, во  онаа мера во која тоа го дозволува должината на човековиот век  и  генетиката. Можете да им обезбедите на своите келии антиоксидантни материи преку  храната, кои ги пресретнуваат  и  уништуваат  подивените молекули  на  кислород , па дури и ги поправаат некои од штетите кои се имаат направено.  Продуктите, особено овошјето  и зеленчукот полни се со разноврсни јаки антиоксиданси кои кога ги јадете влегуваат во ткивата и течностите  и можат да помогнат против силните оксиданси.  Сега, кога им е позната огромната потенцијална сила на антиоксидантите , научниците ги бараат во храната. Веќе се откриени  мноштво на антиоксиданси со егзотични имиња како што се:кверцетин, ликоптин, лутеин и глутатион како и познати хранливи состојки како што се витамините : Ц и Е, бета каротинот и селенот.

Резулататите од новите испитувања за антиоксидантите се толку убедливи да Д-р Вилијам А. Прајор, раководител на биомедициснките истражувања на државниот Универзитет во Луизијана, се залага за воведување на поширока употреба на крвине тестирања заради одредување на “ антиксидантниот статус” , онака како што сега се мери нивото на холестеролот во крвта. Таквиот тест би го измерил нивото на штетните оксидативни активности  во вашето тело  и истовремено би покажал дали внесувате доволно неутрализирачки антиоксиданси. Кога би ви откриле висока оксидативна активност  и недоволно внесување на антиоксиданси, би заклучиле дека кај вас постои поголем ризик од болести  и би ве советувале да го зголемите внесот на антиоксиданси. Најдобро што можете да направите за своето здравје и преживување е да внесувате продукти богати со антиоксиданси.

Што оксидансите можат да направат , а антиоксидансите да спречат:

 

  • Го претвараат ЛДЛ холестеролот во оној облик кој може да ви ги затне артериите
  • Напад на генетскиот материјал на клетките, што предизвикува мутации кои може да довеата до појава на рак
  • Уништување на клетките на очите, што доведува до развој на катаракта и дегенерација на макулата( жолта дамка)
  • Пореметување на нормалните процеси и појава на висок крвен притисок
  • Уништување на нервните клетки што доведува до невролошки оштетувања, како што се Паркинсонова и Лу Геригова болест
  • Појава на воспаление, како кај артритис и астма
  • Оштетување на сперматозоидите, што доведува до неплодност или оштетување на плодот

 

Каде има најмногу антиоксиданси:

 

Кога бирате овошје и зеленчук, изберете го потемното; потемната боја обично значи и поголема количина  на антиоксиданси. Исто така свежото како и замрзнатото овошје и  зеленчук имаат повеќе антиоксиданси одколку оние од конзерви, преработени или термички обработени. Најмногу антиоксиданси  ќе добиете ако јадете:

  • Црно грозје повеќе одколку зелено или бело
  • Црвен или жолт кромид наместо оној со бела боја
  • Зелка, карфиол и  брокула сирови  или  обарени
  • Лук сиров или толчен
  • Свеж или замрзнат зеленчук повеќе одколку конзервиран
  • Зеленчук подготвен во микробранова печка наместо варен во вода или на пареа
  • Чисто, ладно цедено маслиново масло
  • Лиснат зеленчук со темно зелена боја
  • Црвен грејпфрут наместо бел
  • Цел овошен плод наместо сок
  • Свеж или замрзнат сок наместо конзервиран
  • Темно портокалов морков, индиски компир и тиква