Прво се закани по живот, а сега тужи зошто е кажано во јавност – продолжуваат заканите врз Горан Гаврилов – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/20 7:06 AM

Прво се закани по живот, а сега тужи зошто е кажано во јавност – продолжуваат заканите врз Горан Гаврилов

Познатиот штипски насилник Горан Стојанов – Коцка, кој на 14 мај му се закани по живот и се обиде да го нападне Горан Гаврилов, управителот на ТРД „Канал 77“, сега покажува сила и преку суд. Стојанов Коцка здружен со Роберт Димитров – Роби поднесе тужба против Гаврилов за клевета поради тоа што јавно ги кажал упатените закани до него и неговиот син Виктор Гаврилов.

-Ќе ве убијам и двајцата, беше заканата што Горан Стојанов – Коцка ја упати до Гаврилов на 14 мај, годинава.

И додека се’ уште се чека органите да го решат случајот, заканувачот и напаѓач се осили и тужи. И тоа затоа што се почувствувал наклевен преку и јавно изнесување на случајот, во кој Коцка се заканува со убиство!

Во продолжение што кажа Горан Гаврилов по нападот од Стојанов- Коцка:

-Претпоставувам дека ова лице Горан наречен Коцка има сега уште поголема сила за да ми се заканува по живот, во заштита на својот ментор Роберт Димитров. Ова не е прв пат да се заканува.  На свадбена веселба упатил закана на мојот син Виктор Гаврилов, со намера физички да го нападне, но бил попречен од вработените. Мислам дека ова нема да престане и ваквите криминалци кои што се на слобода, секогаш ќе бидат закана за мојот живот и животот на моите блиски. Со години чекам правната држава да проработи и се надевам дека конечно тоа ќе се случи, а системот ќе ги превземе сите мерки да ме заштити. Иако минатото покажа дека нема правда, ниту  заштита во тој корумпираниот систем, изјави Горан Гаврилов, управител на Канал 77. Во СВР Штип нападот е регистириран. Со случајот е запознат и Јавен обвинител (15.05.2020).

Институциите досега не излегоа со разрешница за овој случај. Основниот суд од Штип засега експресно реагира, но, по тужбата за клевета што ја поднесе напаѓачот против Горан Гаврилов, во кој ко-тужител е Роберт Димитров – Роби. Дали во овој факт треба да се бара експресната реакција?