Засега единствена проимена нема да има кај координаторското место на пратеничката група, која повтрно ќе ја води Никола Мицевски, а за негови заменици се именувани пратеничките Дафина Стојаноска и Ели Панова. Ќе се избираат претседатели на општински комитети во изборните единици 1, 2 и 3.
Сергеј Попов, апсолвент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ е нов претседател на Унијата на млади сили (УМС), додека највисокото партиско тело не избра претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Како што најавија од партијата, претседателката на Унијата ќе се избира преку распишување јавен повик кој ќе трае две недели. Има промени и во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе го раководи Луке Галески. Тој доаѓа на местото на Иво Котески.
Кадровски промени во партијата беа иницирани и по предвремените парламентарни избори, но од Иницијативен одбор за вонреден конгрес за смена на лидерот Христијан Мицскоски поради изборниот пораз, но тој најави дека нема да поднесе оставка.