Нефи Усеини останува во притвор – Апелација ја укина одлуката на Основниот суд – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 3:46 PM

Нефи Усеини останува во притвор – Апелација ја укина одлуката на Основниот суд

Обвинителството ја обжали одлуката на Основниот суд од Охрид, со кое се прифаќа Нефи Усеини и неговиот брат да излезат од осумдневниот притвор во замена за кауција од по 15.000 евра. Апелациониот суд од Битола ја прифати жалбата и ја укина одлуката на Охридскиот суд, со која се обезбедуваше слобода за двајцата браќа обвинети за делата „насилство“ и „недозволено држење на оружје“.

Апелација ја укина одлуката и ја врати на повторно разгледување пред првостепениот суд. Притворот на бражата Усеини истекува по два дена, во четврток. Пред сами да се јават во притвор браќата шест дена беа недостапни за органите.