Во дворот на средното општинско училиште „Ѓорче Петров” во Крива Паланка синоќа се одржа бесплатна проекција на американски филм, во организација на „American pop up corner” во соработка со Советот на млади на Општина Крива Паланка.
Настанот се органзиираше во форма на летно кино, филмот беше проектиран на големо платно во предворјето на гимназијата, а столчињата и „мрзливите вреќи” кои го симулираа амбиентот на кино на отворено беа прописно дистанцирани соглансо мерките и препораки за заштита од Ковид-19.
-Совет на млади во соработка со „American Pop Up Corner” организираше кино на отворено со цел анимација на малдите од градот, за да им се понуди културно-забавна програма во времето на пандемија, со оглед на тоа што сите активности од областа на културата во овој период се сведени на минимум. За удобноста на овој настан се погрижија нашите пријатели од „American Pop Up Corner” и не снабдија со „lazy bags”, а имавме обезбедено и освежителни напивки и закуска, како и заштитни маски за сите учесници, информира Александар Величковски, претседател на Совет на млади на општина Крива Паланка.
Бројот на места за присуство беше ограничен, согласно протоколите од Минситерство за здравство и комисијата за заразни заболувања, а младите кои присуствуваа изразија желба ваквите активности да се органзираат по често.