“Facebook” ќе забрани на австралиските медиуми да објавуваат вести на платформата поради новиот закон – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 2:21 PM

“Facebook” ќе забрани на австралиските медиуми да објавуваат вести на платформата поради новиот закон

Компанијата ” Facebook” најави дека ќе им забрани на компаниите и физичките лица од Австралија на социјалните медиуми ” Facebook” и ” Instagram” да објавуваат вести доколку биде усвоен новиот закон според кој австралиските медиумски куќи ќе мораат да плаќаат за тие содржини.

Воведот во системот по кој ” Facebook” и ” Google” за објавување вести би плаќале еден вид на авторски права, австралиската Влада го најави во јули, а законот за тоа би требало да биде усвоен оваа година.

На крајот на 2019, Владата препорача на ” Facebook” и ” Google” да по пова прашање бидат најдени компромиси со австралиските медиумски компании, но преговорите кои следеа беа неуспешни.

Поради тоа австралиското регулаторно тело за конкуренција изработи нацрт закон по кој медиумските куќи би имале право да преговараат за паричен надоместок за работа на своите новинари. Реагирајќи на тоа директорот на ” Facebook” за Австралија Вил Истон изјави дека биле предложени закони за одржување на погрешното толкување на динамиката на интернетот и дека со тоа ќе биде нанесена штета на медиумските компании.

 

 

 

 

 

извор : blic.rs