Шилегов: За Дино Мерлин беа платени 80.000 евра, пари од спонзори – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/20 1:42 PM

Шилегов: За Дино Мерлин беа платени 80.000 евра, пари од спонзори

Осум месеци по дочекот на Нова Година на плоштадот во Скопје, македонската јавност дозна за колку пари паееше главната ѕвезда – Дино Мерлин. Испровоциран по написите во некои од порталите дека Градот Скопје за дочекот префрлил 260.000 евра на МКЦ да ја организира свеченоста, градоначалникот Петре Шилегов ги корегира овие информации и објави дека регионалната ѕвезда, Мерлин пеел за 80.000 евра.

-Имавме најспектакуларен дочак со 80.000 гледачи. Од панаѓурски пречек на Нова Година станавме метропола.  За Нова Година беа регистрирани 35.000 туристи и 120.000 ноќевања за Нова Година. Спонзорите бераат анонимност преку тајни клузули од договорот, но, еве ќе речам дека на Мерлин му беа платени 80.000 евра.Договорот од 160.000 евра не е за Мерлин, туку дека се тоа пари за културни институции за да организираат настани како на пример за пречекот на ракометарите на Вардар кога станаа европски прваци. Тоа повлекува трошоци за опрема, сцена, озвучување  160.000 за пречлекот на ркаометарите, опрема, сцена, озвучување, рече скопскиот градоначалник Шилегов, кој најави дека по ваквите лажни вести ќе биде принуден да тужи новинари.

Нетпрес објави дека Скопскиот градоначалник Петре Шилегов преку МКЦ исплатил 160 илјади евра за организација на новогодишната прослава на плоштадот Македониjа, При тоа, порталот го објавува договорот со кој градот Скопје преку МКЦ се обврзале да исплатат 160 илјади евра за организација и сцена за настапот на Дино Мерлин, кој пееше на последната Нова Година. Медиумите тогаш објавија дека ангажманот на Мерлин во Скопје чини дополнителни 100 илјади евра, хонорар од непознати спонзори. Според ова, минатата новогодишна прослава скопјани ги чинела 260 илјади евра за една вечер, напиша Нетпрес.